Субвенции за купување на велосипеди
Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Македонија од 01.01.2022
година се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед.
Средствата што општина Охрид ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход за невработените лица и студентите.
Барањата за субвенции за купување на велосипеди на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, адресирани на ул. Димитар Влахов бр.57, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општинатаза субвенции за купување на велосипеди на подрачјето на општина Охрид во 2022 година со бр.08-2982/6 од 15.03.2022 година, општина Охрид го објави на својата официјална веб страна Јавниот повик за субвенцонирање на граѓаните на подрачјето на Општина Охрид за купување велосипеди во 2022.
Portal TVM brings Ohrid news with deep coverage.