Октишани добија вода
Жителите на село Октиси конечно добија вода. По подолг период го решија проблемот со водоснабдувањето. Октишани од раните утрински часови, повеќе нема да чекаат ред на селската чешма. Дефинитивно и за секогаш добија квалитетна вода за пиење. ТВМ точно пред една година го актуелизира ова прашање, тогаш институциите молчеа, но граѓаните јавно проговорија за горливиот проблем.
Стартот на новото водоснабдување симболично се означи со пуштање на вода од чешмата на сред село. На свеченоста беше најавено присуството на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Водата затече само во присуство на пратеникот Фијат Цаноски и заменик министерот за локална самоуправа Фарук Фератоски. Јанакиески и Мерко не дојдоа во Октиси. Цаноски вели, го разбирам отсуството на Мерко, тој воопшто не е пожелен во ова село.
„Повеќе од очигледно е дека селата каде доминира муслиманското населени, посебно каде најмногу делува ПЕИ се дискриминирани“- вели Цаноски. Но додава оти верува во себе и во граѓаните, и само на тој начин можат заеднички да се решат многу проблеми. Цени, дека е доволно моќен без помош на градоначалникот да им излезе во пресрет на жителите на повеќето села каде доминираат македонските муслимани.
Со изградба на новиот водоводот во Октиси, за жителите долгорочно се решава проблемот со водоснабдување. Сега непречено ќе се снабдуваат со чиста и квалитетна вода за пиење, вели Цаноски. Изградбата на водоводниот систем во Октиси е финансирана со средства на Владата од околу 120 илјади евра, со помош на месното население, но не и со учество на о. Струга, тврди Цаноски.
{loadposition content9}