Среќна вест
Алек Болдвин по седми пат ќе стане татко
Неколку месеци по драматичниот инцидент во кој беше вмешан на сетот на филмот Rust, при кој директорката на фотографија Халина Хачинс го загуби животот, убиена од вистински куршум за време на акциона сцена, Алек Болдвин открива дека заедно со неговата сопруга Хиларија Болдвин, го очекуваат нивното седмо дете.
Актерот Алек Болдвин ќе стане татко на 64 годишна возраст, по седми пат. Неговата сопруга Хиларија објави дека го очекуваат нивното седмо заедничко дете.
Хиларија ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил, на видео во кое таа и Алек си играат со шесте дечиња и трогателна порака која доби многу лајкови за поддршка.
По многуте искачувања и паѓања во последниве неколку години, имаме возбуда и изненадување: оваа есен доаѓа уште еден Болдвинито. Бевме многу сигурни дека нашето семејство е комплетно, но бевме и повеќе од задоволни со ова изненадување. Го споделувам со вас овој момент кога им кажавме на децата и како што гледате, многу се возбудени – напиша таа.