Skip to main content

Ковид 19

Швајцарија ќе ги укине ограничувањата

По масовната вакцинација, Швајцарија од 1-ви април ќе ги укине преостанатите ограничувања поврзани со ковид 19.
 |  инфодеск  | 
Луцерн Швајцарија

Швајцарија, каде речиси 70 отсто од населението е целосно вакцинирано, во петок ќе ги укине преостанати ограничувања поврзани со Ковид-19, соопшти денеска Владата.

Ќе се отстрани обврската за носење маска во јавниот превоз и во здравствените установи, како и условот за петдневна самоизолација по позитивен тест.

Болница

Во владиното соопштение се посочува дека одговорноста за натамошно држење на вирусот под контрола ќе им се препушти на локалните власти. Од нив се бара зголемена будност во следните 12 месеци, посебно по отстранувањето на ограничувањата.

Постои мала веројатност за закана по јавното здравје во наредните месеци. Сепак, понатамошниот тек на пандемијата на ковид 19 не може со сигурност да се процени – истакнаа швајцарската Влада. Оттаму појаснуваат дека коронавирусот најверојатно нема да исчезне и дека во иднина ќе стане ендемичен со сезонски бранови на вирусот.

Инаку, во Швајцарија, земја со 8,6 милиони луѓе, 69 отсто се целосно вакцинирани.