Поддршка на Украина
Scorpions го променија текстот на „Wind Of Change“
Германскиот рок-бенд „Scorpions“ го промени текстот на легендарната балада „Wind Of Change“, во знак на поддршка на Украина.
Во знак на поддршка на Украина, легендарниот рок бенд „Scorpions“ ги смени зборовите на нивниот безвременски хит „Wind Of Change“.
Пејачот Клаус Мејн, кој е автор на песната, во првата строфа каде се споменува Москва, вметнал зборови за поддршка на Украина.
„Ја следам Москва до паркот Горки“- гласи оригиналната верзија, која Клаус ја замени со стиховите „Now listen to my heart, it says Ukraine“, или во превод „Сега слушај го моето срце, вели Украина“.