Судир на авиони
Загинаа тројца пилоти
Загинаа тројца пилоти при судир на два авиони за обука во Јужна Кореја. Авионите се урнаа во оризово поле во Сакон.
Најмалку тројца пилоти загинаа, а еден е тешко повреден, при денешниот судир на два јужнокорејски авиона за обука КТ-1.
Авионите се урнаа во оризово поле во Сакон, околу 300 километри јужно од Сеул.
На местото на инцидентот има повеќе од 30 пожарникари и припадници на итните служби.


