Skip to main content

Изложба на слики

Времеплов од Денот на шегата

Одбележан Денот на архивот на Македонија со изложба на фотографии од Денот на шегата. Сликите се оставштина на фотографот Коста Андоноски.
 |  Валентина Неловска  | 
времеплов за ден на шегата

Први април спои одбележување на два настани со изложба на документарни фотографии. Охридскиот архив ги одбележа Денот на архивите на Македонија и Денот на шегата со презентација на слики од минатато. Изложбата е своевиден времеплов во минатото, од каде може да се почуствува духот на времето преку детското одбележување на денот на шегата. Изложбата е дел од архивски документи којшто се оставштина од охридскиот фотограф Коста Андоноски. Никола Митровиќ, директор на историскиот архив од Охрид, ги повикува своите сограѓани на соработка.

Фотографиите датираат од 1965 година. Секој кој ќе ги препознае и пронајде на фотографиите своите предци или себе си слободно да се обратат во поддрачното одделение на Архивот.Тука ќе може да се пополнат податоците за личностите од фотографиите. Имаме интересна, необична изложба. Архивот покрај историските документи поседува и фотографии кои сведочат за минатото на Охрид“ – порача Митровиќ.

Гоце Стојановски, в.д. директор на Архивот од Битола, посочи дека фотографиите имаат исто така, голема важност во архивистиката како и зачуваните историски документи. Во тој контекс го посочи фондот Манаки со кој располага нивниот Историски архив, а кој сведочи за животот од минатото.

„Убав приказ на документи за секојдевниот живот на луѓето, настаните, без разлика дали ги гледаме од историски или архивски контекс. Имаме широка палета на материјал кој ни го одсликува минатото на поинаков начин“– истакна Стојановски.

Фотографиите беа изложени на тераса Аквариус и предизвикаа силен интерес кај охриѓани. Посетителите добија и бесплатни примероци од изданијата Македонска архивистика и Архивистика од Никола Митровиќ Бабе.