Ракомет
Трето место за кадетите на ГРК Охрид на Ф4
Кадетите на ГРК Охрид успеаа да ја победат екипата на РК Пролет. Со тоа, охридските ракометари завршија на третото место на Ф4 турнирот кој се одржа во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.
Кадетите на Охрид го освоија третото место на Ф4 турнирот.
Одличен и возбудлив натпревар до самиот крај. Натпреварот во регуларниот дел заврши без победник 40:40, а во продолжението со пенали Охрид извојува победа над Пролет со 46:45.

Шампионскиот пехар замина кај екипата на РК Бутел Скопје, кои во финалето на Ф4 успеаа да ги победат ракометарите на Алкалоид, кои пак завршија на второто место на турнирот.

Натпреварите се одиграа во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.


