СОНК и Владата на нова рунда преговори
За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков се надева дека владините претставници ќе излезат со одредена понуда. Според него, штрајкот најавен за 11-ти април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања. Недозволиво е тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година, вели тој.
СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.
Досега нема конкретен одговор од Владата и ресорните министерства, освен тоа дека има криза и дека во овој момент е тешко да се одговори на барањата на синдикатот. Според Неделков ова е неприфатливо бидејќи кризата влијае врз семејниот буџет на сите.