Дупки и неасфалтирани делови на ул. Егејска
Граѓани на Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на моменталната лоша состојба на дел од ул. Егејска кај стар Отпад. Ова е нивниот коментар:
Сликите се од улица Егејска и споредна слепа улица кај стариот Отпад. При реконструкција на Егејска еден дел остана неасфалтиран најверојатно бидејќи им снема асфалт. Неколку големи и длабоки дупки, а од едната стрчат неизолирани кабли. Во последните 15 години жителите на уличката неколку пати писмено се обраќавме до Локалната самоупрва, но досега останаа само ветувања дека ќе ја асфалтираат уличката која е долга помалку од 100 метри. Се надеваме дека сегашната локална управа ќе преземе конкретни активности за решавање на нашиот проблем – велат жителите.
Во продолжение погледнете ги сликите.