Skip to main content

МТСП

Исплата на социјална и детска заштита

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец март 2022 година. Исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките,
 |  инфодеск  | 
Пари

Министерството за труд и социјална политика информира дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за март 2022 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 април 2022 година – соопшти МТСП.

Исплата МТСП

Исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

Денеска – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

Утре – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.