Нафтени деривати
Поевтинуваат бензините и дизелот
Регулаторната комисија за енергетика ги намалува малопродажните цени на горивата во нашата земја во просек за 2,50 проценти во однос на одлуката која беше донесена на 1 април.
| инфодеск | Македонија
Од полноќ поевтинуваат нафтените деривати, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС95 и Еуросупер БС98, се намалуваат за 2,5 ден/лит. Од полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС95 ќе изнесува 81 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС98 ќе изнесува 83ден/лит.
Малопродажната цена на Еуродизел се намалува за 1,50 ден/лит и со тоа новата цена изнесува 82,00 ден/лит.