Skip to main content

Јавен повик

Субвенции за микро, мали и средни претпријатија

Министерот за економија Крешник бектеши денеска на прес-конференција информираше дека Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повици за поддршка на домашните компании.
 |  инфодеск  | 
Крешник Бектеши

Министерството за економија согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2022 година објави два јавни повика за поддршка на домашните компании.

Поддршката од страна на Министерството за економија којашто е предвидена за домашните компании преку овие два јавни повици е вкупно 56 милиони денари, односно приближно еден милион евра. При што вкупно 50 милиони денари се предвидени за субвенционирање на микро, малите и средни претпријатија или околу 800 илјади евра и 6 милиони денари за поддршка на занаетчиите или околу 100 илјади евра – кажа Бектеши.

Како што информираше министерот, условите на Јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија предвидуваат: да вработуваат најмалку три лица, односно најмалку две лица доколку апликантот е претпријатие во сопственост и управувано од жена, а ќе се кофинансираат 30% од докажаните трошоци направени за набавка на машини потребни за производствениот процес, но не повеќе од 200.000 денари по барател.

Согласно Јавниот повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, ќе бидат кофинансирани 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати наменети за работа, кои се направени во текот на 2021 и 2022 година, но не повеќе од 100.000 денари по барател“, кажа Бектеши.

Средствата кои се на располагање на двата јавни повика ќе се распределат кај сите апликанти коишто ги исполнуваат условите по принципот Рамномерен регионален развој. Тоа значи дека апликантите покрај износот за кофинансирање утврден во Јавниот повик ќе добијат и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на апликантот, која ќе се пресметува врз основа на процентуална разлика помеѓу планскиот регион со највисока вредност на БДП по глава на жител и вредноста на БДП по глава на жител на планскиот регион во кој е седиштето на барателот на финансиска поддршка – кажа Бектеши.