Комуналец на терен
Подигнат кабаст отпад од Кленоец-Црногорци
Денеска екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнаа кабаст и комунален отпад кој беше расфрлан од несовесни лица во месноста Црногорци и ул. Кленоец кај Касарната.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од утринава на терен на различни локации низ градов.
Од несовесни граѓани, во месноста Црногорци и ул. Кленоец (Касарна) е депониран и расфрлан комунален и кабаст отпад.

По налог на Општина Охрид кренат е целиот отпад и исчистено е целото подрачје.



