Skip to main content

Свр Охрид

Држел затворена во хотел во Струга жена од Шпанија

Жител на струшко Радолишта држел затворена во хотелска соба во Струга државјанка на Шпанија и ја присилувал на сексуални односи.
 |  инфодеск  | 
Насилство врз жена

По преземени мерки, а по барање на Интерпол Шпанија, на 04.04.2022 година, полициски службеници од полициската станица Струга и Секторот за меѓународна полициска соработка, во хотел во Струга, ја пронајдоа К.М.Т. (39) од Шпанија.

Како што пријавила таа, во Струга пристигнала преку Тирана по претходен договор со Ш.С.(29) од селото Радолишта, струшко, по што Ш.С. без нејзина согласност, неколку дена ја држел затворена во хотелска соба во хотел во Струга и ја присилувал на сексуални односи. На 04.04.2022 околу 21.30 часот во полициската станица Струга приведен е Ш.С. и со него извршен е службен разговор. Известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.