„Чекајќи го министерот“ во петок пред охриѓани
Хит-комедијата „Чекајќи го министерот“ со популарната српска актерка Лидија Вукичевиќ, ќе се игра во неколку градови низ Македонија. Овој петок гостуваат во Охрид, а претставата е закажана за 20 часот.
Комедија која предизвика интерес кај публиката од бившите ју-простори, но извесен период не се прикажуваше поради пандемијата на коронавирусот.
Дејството на претставата се случува во руинирана кафеана, за чие реновирање во очекување на доаѓање на министерот е ангажиран дизајнер. Покрај Лидија Вукичевиќ, актерка која публиката ја знае од серијата „Бољи живот” и серијалот филмови „Жикина династија“, во претставата игра и Сашо Ристовски, како и Семир Гигиќ, кој воедно е автор на текстот и режисер на претставата.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Претставата ќе се одигра согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.