Едно лице загина во пожар кој избувна утринава во болница во Солун соопшти солунската противпожарна служба.
Телото на починатот лице било пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау, каде се лекуваат пациенти со коронавирус, пренесе АП.
Сеуште не е позната причината која го предизвикала пожарот, а на видеото од таа локација се гледа како густ црн чад избива низ два прозорци на долниот кат од зградата.
Со пожарот се бореле 30 пожарникари со 11 противпожарни возила.