ММФ до 2011 ги укинува каматите за 80 најсиромашни држави
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најави досега невообичаена помош за околу 80 најсиромашни држави, кои до крајот на 2011 година ќе бидат ослободени од плаќање камати.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) најави досега невообичаена помош за околу 80 најсиромашни држави, кои до крајот на 2011 година ќе бидат ослободени од плаќање камати.
Годишните камати кои што државите мораат да ги исплатат за време на тој период, од 0,5 отсто до 0,25 отсто годишно ќе бидат укинати, рече директорот за стратегија на ММФ, Реза Могадам.
Новите заеми за тие држави би можеле да достигнат 17 милијарди долари до 2014 година, од кои што осум милијарди би се исплатиле идните две години.
„Ова е прв пат во историјата ММФ да даде заеми со камата од нулта стапка за најсиромашаните“, изјави главниот директор на ММФ, Доминик Штраус Кан.
ММФ од 2006 до 2008 година, просечно одобруваше милијарда долари за најсиромашните држави, а три милијарди долари на почетокот од годината.
{loadposition content9}