Skip to main content

Комисија за заразни болести

Да се укине забраната за маски во затворено

Да се укине мерката за задолжително носење маски во затворен простор, препорача Комисијата за заразни болести. Оваа препорака не важи само за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз и такси возилата, каде заштитните маски ќе останат задолжителни.
 |  инфодеск  | 
Комисија за заразни болести

Комисијата за заразни болести по денешниот редовен состанок предложи укинување на задолжителното носење маски во затворен простор.

Оваа мерка ќе важи за сите објекти, освен за здравствените установи, аптеките, домовите за стари лица и јавниот превоз.

Александар Петличковски

Комисијата на денешната седница одлучила да препорача и укинување на епидемиолошкото следење на контактите од потврдени случаи и изолацијата од контакти. Останува изолацијата за заразените.

Денешните препораки, како што велат од Комисијата, се бидејќи проценката е дека епидемиолошката состојба се подобрува.

Претседателот на Комисијата Александар Петличковски рече дека ова не значи дека пандемијата е завршена и дека се работи на мерки за евентуално влошување на состојбата. Тој најави поинтензивна вакцинална кампања и ќе следуваат препораки и објаснувања на предностите на вакцините во следниот период.