Од продажба се повлекуваат Киндер производи
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна Атлантик траде ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата „ФЕРЕРО“.
Киндер јајцата повлечени од продажба
Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО Д.О.О од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите.
Согласно нивното известување, од пазарот во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022 година, 23.08.2022 година, 02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година.11.06.2022 година и 30.06.2022 година.
Попладнево АХВ доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.
Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на производи Киндер со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M, L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотови од производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот.
Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија.
АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.