Skip to main content

Отчетност во работење

Финансиска дисциплина на општините

Голем дел од општините се соочуваат со ограничувања, од кои најважен е намалениот кадровски капацитет, односно одливот на кадри пред се во доменот на финансиите.
 |  инфодеск  | 
Борче Треновски

Последните неколку години општините покажуваат поголема фискална дисциплина. Но, сеуште е потребен е механизам преку кој на општините ќе им се бара отчетност за нивното работење.

Речиси повеќе од половина од македонските општини немаат внатрешни ревизори. Не е решение бескрајно давање на помош од буџетот без да се детектира кои се причините поради кои општините влегле во буџетска нестабилност.

На општините може да им се даде поголема фискална автономија, но пред тоа да се направи мора да се измерат нивните капацитети. Голем дел од општините се соочуваат со ограничувања, од кои најважен е намалениот кадровски капацитет, односно одливот на кадри пред се во доменот на финансиите.

Тој предизвик во кадарот е поврзан со другите проблеми пред се во доменот на буџетирање. Од непочитувањето на системските чекори во буџетирањето произлегуваат сите натамошни проблеми, како фискална недисциплина, поголеми долгови и поголеми обвски кажа проф. д-р Борче Треновски од Економскиот факултет.

Последните 2-3 години имаме малку поголема дисциплина. Односно реализацијата на планираните приходи и на планираните расходи е поголема во однос на претходните 3-4 години. Значи од 2018 година навака, дали заради унапредување на капацитетите или свесноста на зголемување кај менаџерите и кај градоначалниците се гледа свесното влегување во долгови и обврски и тоа не може да се исклучи до крај – вели Треновски.

Борче Треновски

Потребни се индикатори какви што имаат високо развиените земји за рано предупредување пред определена општина да влезе во финансиска недисциплина, односно потребен е механизам преку кој на општините ќе им се бара отчетност за нивното работење, објаснува Треновски.

Видете последните неколку буџетски барања се „само да зголемиме“. Пред да ги утврдиме причините зошто тие општини влегле во таа фискална нестабилност не е препорачливо да им се намират нивните долгови. Во дел од општините имаме корупција во дел неефикасност, во дел правни процедури во трети криминал. Треба да видиме да одлучиме, дајте да отвориме на кои општини треба да им се помогне, кои треба да се санкционираат и како треба да се направи тоа. Но, само со покривање на долговите ќе видиме дека дел од општините само ги зголемија своите обврски – додава Треновски.

Имено, согласно Физибилити студијата направена на 05.07.2021 година која беше презентирана пред советниците на Советот на Општина Охрид, вкупниот долг на општината по сите основи изнесувал 296 милиони денари.

Од тој момент до 08.11.2021 година долгот се зголемил за фрапантни 494 291 778 денари, речиси двојно од тоа што бил, кажа на крајот на минатата година Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.