Шумахер на местото на Маса
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе го замени Фелипе Маса во екипата на Ферари, во седумте преостанати трки од оваа сезона.
Михаел Шумахер

Веста ја објави германскиот весник „Билд“, според кој Шумахер лично потврдил дека ќе ги вози преостанатите трки и воедно му се заблагодари на Господ што Фелипе Маса е вон животна опасност.
„Вистина е дека јас сум ја завршил својата авантура во Формула 1, но не можам да не одговорам на таквото барање на мојот тим кој се наоѓа во еден тежок момент“, изјави Шумахер.
На 23 август, на Големата Награда на Европа која се одржува во Валенсија, на воланот на болидот на Ферари ќе застане Михаел Шумахер, покрај Кими Раиконен, што претставува мотив повеќе за италијанскиот тим кој во тековната сезона се уште не го почуствувал вкусот на победата.
Германската ѕвезда на трките во Формула 1 и рекордерот во овој спорт, Михаел Шумахер, досега ја извршуваше функцијата консултант во тимот на Ферари, откако по сезоната од 2006-та година ја прекина кариерата во овој спорт како пилот на италијанскиот Ферари.

{loadposition content9}