Skip to main content

Градски парк

Санирани спомен обележјата

Екипи на јавните претпријатија извршија санација и ревитализација на спомен обележјата кои се наоѓаат во градскиот парк во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Спомен обележја

По налог на Општина Охрид, екипите на ЈП „Градски гробишта“ и ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа активности за уредување на спомен-обележјата и зелениот простор во нивна близина.

Санација споменици

Санирани се и исчистени бистите и спомен-плочите, а извршено е и соодветно хортикултурно уредување на околината.

Овие активности се дел од Програмата за работа на Одделението за култура.

Во иднина, согласно програмските активности и во соработка со јавните претпријатија предвидено е да бидат ревитализирани, санирани и обновени останатите споменици во надлежност на Локалната самоуправа.