На 06.04.2022 година околу 22.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, во своето возило „Фолксваген Кеди”, во бессознание пронајден е Т.С.(49) од Струга, а при преглед во возилото, пронајден е шприц со остатоци од течност.
Со интервенција на екипа на Итната медицинска помош од Охрид тој е пренесен во медицинска установа за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Охрид.