Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Цените на горивата остануваат исти

Од ноќеска поевтинува мазутот, а цената на другите горива останува иста. Ова го одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
 |  инфодеск  | 
Горива

Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм. Цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.

Точење на гориво

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 82, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 78 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Мазутот М-1 НС, сега ќе изнесува 52,662 денари.

Како причина за промената на цената од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините за 0,882 отсто, кај дизелот за 1,483 и кај мазутот за 3,347 отсто, како и за 0,049 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.