Ти си твојот град
Приватно земјиште се користи како паркинг
Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од наш сограѓанин кој вели дека приватно земјиште наспроти Пожарната се користи како паркинг. Надлежните досега не презеле ништо за решавање на проблемот.
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ, пристигнаа слики од наш сограѓанин.
Ова е неговиот коментар кој го остави како опис за сликите:
Приватно земјиште, кое општината не дозволува да се огради, наспроти Пожарна, со години се користи како паркинг. И покрај тоа што целото земјиште е направено во дупки полни со вода, има храбри возачи кои тука паркираат. Калта што ја изнесуваат на патот, ние околните станари ја газиме. Надлежните служби се запознаени со проблемот, меѓутоа исто како да не се – вели Тасевски.