Бразил повлече 12 милиони вакцини „Синовак“
Бразилскиот федерален здравствен регулатор Анвиса ја суспендираше употребата на над 12 милиони дози на вакцината за ковид -19 развиена од кинеската компанија Синовак, и произведена во неовластена фабрика.
Бензините поскапуваат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 % во однос на Одлуката од 05.07.2021 година.
Запленета дрога кај затвореник во Затвор-Струга
На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга, била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана.
EK побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија
Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори со Северна Македонија и Албанија.Сепак, како што рече Хан, и веднаш да почнат преговорите, ќе минат години до следното проширување.
Ќе се избира најуспешен спортист за 2015 година
И годинава Сојузот на спортови ќе избира најуспешен спортист за 2015 година.
Украдено „Порше“ пронајдено во Дебрца
Полициски службеници од Охрид во близина на Песочан пронајдоа автомобил „Порше”, кој бил пријавен како украден.
Регистрирани серија земјотреси во охридско-струшкиот регион
Серија земјотреси се регистрирани во охридско-струшкиот регион. Последниот е регистриран синоќа во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по рихтер.
Казни до десет илјади евра за трговците кои не ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи
Државниот пазарен инспекторат на терен. Испекторите проверуваат дали во трговците на маркетите ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. Имено, овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година.
Личните податоци за починатите од ковид не смеат јавно да се објавуваат
Личните податоци на заболените и починати од ковид-19, исто како и за кое било друго починато лице, не смеат да се злоупотребуваат и да бидат јавно објавени, како што сугерира авторот на објавата што ја рецензираме. Заштитата на личните податоци се гарантира со повеќе европски и домашни законски акти, а за секое прекршување предвидени се и соодветни казни. Неточни и невистинити се и тврдењата дека коронавирусот е измама, а вакцините смртоносни, со што може да се нанесе огромна штета врз здравјето на луѓето и нивно евентуално одвраќање од вакцинација која ги штити од сериозни последици.