Казнети 55 возачи на подрачјето на СВР Охрид поради надминување на дозволената брзина
На 8-ми и 9-ти декември 2021 година на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени акциски сообраќајни контроли. Санкционирани се 55 возачи.
Вакцинацијата е имунизација и штити од тешка форма на болеста
Секојдневно има нови докази дека вакцинираните лица стекнуваат силен имунитет и дека далеку помалку вакцинирани лица се заразуваат. А, што е најважно, доколку се заразат лицата со претходно примени две дози на вакцина, тие имаат далеку полесни симптоми. Впрочем и последните епидемиолошки анализи на Министерството за здравство објавени на 3-ти септември покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид во земјава имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.
Во Грција шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус
Грчката служба за јавно здравје (ЕОДИ) потврди дека открила шест случаи на колумбискиот сој на коронавирус, кој внимателно се следи од Светската здравствена организација (СЗО) поради страв дека може да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат вакцините.
Четврти случај на делта сојот во Македонија
Во Македонија вчера е потврден четврти случај на делта сојот на коронавирусот, а се чекаат резултатите од испитувањата на уште четири пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Интензивни активности за подобрување на патната инфраструктура во Дебрца
По повеќекратните барања од советот на Општина дебрца и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта, даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност потребна за рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и оштетување на возилата.
Претставата „Каде е пиштолот?“ во петок повторно пред охриѓани
„Каде е пиштолот?“ е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.
Асот на Баерн Минхен со четири рекорди за Гинис
По два месеци ги доби сертификатите за влез во Гинисовата книга на рекорди
Пациентите не добија ослободување од партиципација
Пациентите со механичка потпора од Здружението „Храбро срце” сеуште чекаат ослободување од партиципација за здравствените услуги. Велат тоа е старо ветување од министерството за здравство и екс премиерот Заев, кое требаше да се исполни од почетокот на годинава, но за жал сеуште е неисполнето.
Димитар Велјаноски поднесе оставка од советничкото место во Општина Охрид
Димитар Велјаноски поднесе неотповиклива оставка од местото советник во Советот на Општина Охрид.