Холандија ги отвора вратите за македонците
Патниците од Македонија, како и од Албанија, Србија, САД, Либан и Тајван, можат да влезат во Холандија од 24 јуни без никакви ограничувања, јавуваат тамошните медиуми.
Мерко: Во заштитената зона нема ниту една дивоградба
На три месеци до рокот за доставување на прогес извештај за постапувањето и сработеното по препораките на УНЕСКО, не се знае колку дивоградби има во Струга и колку од нив се во во зашитениот појас на Охридското езеро. Струшкиот градоначалник Мерко не отстапува од тврдењето дека нема ниту едена дивоградба. Граѓаните од струшката локална власт бараат транспарентност а државата почитување на договореното.
„СТАКЛЕНА МЕНАЖЕРИЈА” – ТЕНЕСИ ВИЛИЈАМС
„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.
Луис Хамилтон славеше и во Русија
Фетел го престигна Розберг во генералниот пласман
Нема помош од државата за ангажирање педијатри на детското одделение во Охрид
И понатаму само двајца педијатри обавуваат амбулантски прегледи. Загрижувачка е состојбата и на гинеколшкиот оддел каде што само еден педијатар неонатолог се грижи за здравјето на новороденчињата.
Доктор неточно тврди дека вакцините против ковид-19 се експериментални
Вакцините кои се користат во Македонија не се експериментални. Вакцината на „Фајзер“ стана првата вакцина во светот, која доби целосна дозвола за употреба од Американската агенција за храна и лекови. Европската агенција за лекови (ЕМА) ги одобри и вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“, како што може да се види од официјалната страница на Агенцијата. Светската здравствена организација (СЗО) ја има одобрено вакцината на „Синофарм“ на 7 мај 2021, а „Синовак“ има дозвола од 1 јуни 2021 година. Научно е докажано дека вакцината спасува животи и засега е единственото ефикасно средство за борба против коронавирусот.
ОХРИД ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВОГОДИШНО РУВО
Општина Охрид започна со поставување на новогодишни реквизити и украсување на градот во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Произволни апокалиптични тврдења за вакцината против ковид-19
Апокалиптичното видео во кое се тврди дека за најдоцна неколку години сите што примиле вакцина против ковид ќе починат, е неодговорно и таквото тврдење не го дава доктор по медицина. Ваквите наводи се произволно нафрлени, без никакви докази и немаат допирна точка со реалноста. Вакцините се следат за несакани ефекти и тоа преку пријава во секоја земја, која потоа се процесира на глобално ниво. Целта на овие пријави е да се пронајдат нови несакани ефекти (евентуално) кои не се наведени во упатството за користење.
Биткоин утрово надмина 49.000 долари
Пазарот на криптовалути расте утрово, сите криптовалути се во „зелено“. Вредноста на најпознатата криптовалута Биткоин порасна за 5,27 проценти за дваесет и четири часа и во моментов се тргува по цена од 49,148.63 долари.