Skip to main content
Мар 21, 2023
Работна средба
На работната средба се разгледуваа можности за зајакнување на капацитетите на општината за проширување на соработката со приватниот сектор, можностите за инвестирање на територија на општина Дебрца.

Мар 21, 2023
Најскапото јајце по цена од 9,8 денари
Владата денеска ги замрзна цените на оризот и јајцата од кокошка и донесе одлука со која го ограничи извозот на јајца.

Мар 21, 2023
Не за нас туку заедно со нас
Игор Шајноски од Струга е првиот уличен продавач на списанието „Лице в лице“ во земјава. Момчето со Даунов синдром ги побива стереотипите и предрасудите, попреченоста не е препрека за успех. Тој денес е вработен и самостоен. Во Струга денес се одбележа Светскиот ден за подигнување на јавната свест за лицата со Даунов синдром.

Мар 21, 2023
Фрли цветна бомба
Охридскиот Слоу фуд конвивиум, основни училишта и здруженија од Охрид се приклучија на предизвикот и иницијативата на Сезер Акин од Охрид, изработија и фрлаа цветни бомби. Акцијата во организација на Слоу фуд Македонија се одвиваше во повеќе градови истовремено.

Мар 21, 2023
Се работи на комплетна реконструкција на кујната во детската градинка. Проектот е во соработка со Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Мар 21, 2023
Граѓански парници
Илија Џепароски ја тужел Нискоградба затоа што паднал во шахта на ул Јане Сандански и го загубил спорот. Сега ќе ги плати судските трошоци.

Мар 21, 2023
Јп билјанини извори
Од 23-ти до 31-ви март градскиот стадион ќе биде затворен за користење, информираат од ЈП „Билјанини извори“.

Мар 21, 2023
Култура
Во чест на Светскиот ден на поезијата, охридската Библиотека „Григор Прличев“ го организираше настанот „Напиши стих – напиј се кафе“.