Skip to main content
Дек 5, 2021

Денеска (05.12.2021) од 11 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведена е акциска контрола на брзината со која се движат возилата. Притоа, санкционирани се 68 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина.


Авг 23, 2021

Ниеден научен факт, студија или аргумент не потврдува дека во вакцината од кој било производител се содржи графен оксид. Тоа може едноставно да се провери доколку се погледне составот на вакцините кој е јавно објавен на официјалните веб-страници на нивните производители, а истиот во форма на документи го има и на страницата ковид19вакцинација.мк. За тоа дека вакцината немаат магнетизирачко дејство, ниту пак, магнетизирачки компоненти, пишувавме повеќепати. Она што е јасно е дека вакцините на ниту еден производител не содржат метали. Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на „Фајзер“, на пример, содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто.


Авг 6, 2021

Во пожарот што избувна вчера попладне во Мириново, кај Дубровник, изгореа седум пловни објекти и две возила, извести Дубровничката противпожарна бригада.


Јун 2, 2021

Македонец, кого турските медиуми го идентификуваат како Бобан Томовски, соработник на наркобосот Седат Пекер, бил уапсен на аеродром во Истанбул. И тој, наводно, е вмешан во шверц на дрога.


Мај 28, 2019

Презетиран проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.


Ное 26, 2018

Италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи почина на 77 годишна возраст.


Сеп 4, 2015

Неодамна донесе титула, сега исфрлен од репрезентацијата


Јан 26, 2022

На 25.01.2022 година во 23:50 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улицата „8 септември” настанал пожар во патничко моторно возило „Форд Мондео”, со охридски регистарски ознаки, сопственост на А.М. (42) од Охрид.


Дек 4, 2021

На 03.12.2021 година во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4″, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.П.(23), удрило во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец.