Вакцините против ковид не се генетска терапија и не содржат графен оксид
Постот шири невистини дека вакцините содржат графен оксид и дека се генетска терапија. Графен оксид не е во листата на состојки и нема никаква можност да биде присутен во вакцината, изјавил Ален Мајерсон, професор по хемиски инженеринг во Институтот за технологија од Масачусетс. Според експертот за вакцини, Пол Офит, од детската болница во Филаделфија, тврдењето дека вакцините содржат графен оксид е чиста глупост. Исто така, вакцините против ковид не се генетска терапија, бидејќи тие не се дизајнирани за да ги променат гените. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално потврдува дека вакцината против ковид не влегува во интеракција со нашата ДНК на каков било начин.
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ неработен за сите граѓани
Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“, 24 Мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата
Дијабетичарите од Струга кои користат инсулин реагираат на квалитетот на терапијата. Постојано поплаки за инсулинот пристигнувaат до општинското здружение на дијабетичари. Пациентите се сомневаат дека причината можеби е во таканаречениот паралелен увоз на инсулин.
Железничарите си ги бараат платите, сообраќајот во прекин
Од вчера наутро железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин, а од полноќ и железничкиот патнички сообраќај. Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје се во штрајк незадоволни од доцнењето на вториот дел од платата за октомври.
Перуанците супериорни во освојување на бронзата
Перу играчки го разби Парагвај во борбата за бронзениот медал
Казнети 5 возачи во Охрид кои управувале возило под дејство на алкохол
На 22/23.01.2022 година од 22 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 13 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-03, Кичево-03, Дебар-02).
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ
Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата претседателот Азески му го честиташе изборот за нов градоначалник на Охрид и му посака успех во неговата работа.
Нема докази дека млад Французин починал од вакцината – обдукцијата не е завршена
Во моментот на објавување на постот што го рецензираме, врската меѓу вакцината и смртта на момчето не е воспоставена. За случајот има обдукција, меѓутоа таа не е завршена и резултатите не се познати. Поради тоа, не е точно тврдењето дека резултатите од обдукцијата покажале дека станува збор за смрт како последица на вакцината. Исто така, француските медиуми објавуваат дека младиот човек бил вакциниран повеќе од 9 часа пред да доживее алергија, а непосредно пред анафилактичниот шок во ресторан јадел храна за која било познато дека е алергичен.
Голем пожар на хрватскиот остров Чиово
На Чиово во Хрватска гори силен пожар, а огнот се распламтел кај заливот Дубока, околу пладне.