Неколку населби во Струга деновиве се под водa
Неисчистените канали во струшко и годинава предизвикаа проблеми, така што дел од градските населби се под вода. Надлежните убедуваат дека ќе преземат мерки за расчистување на каналите за што одвоиле 2 милиони средства од буџетот на општина Охрид.
Уапсен Чавков, а приведени уште 15 лица
Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.
Рекорден раст на приходите на најсилните фудбалски лиги во Европа
Трета година по ред клубовите од лигата на петорката со рекорден раст на приходите
Еднодневна статистика не може да биде показател за ефикасноста на вакцините
Еднодневна статистика за 28 починати од кои 17 биле вакцинирани со две дози (не со три), не е релевантна за да се даде генерална оценка дека вакцината не дава заштита од смртност од над 95 проценти. Претседателот на комисијата за заразни болести, Александар Петличковски, изјави дека комисијата ја анализирала смртноста и анализите упатувале на тоа дека најголем дел од починатите се невакцинирани, нецелосно вакцинирани или примиле две дози пред повеќе од шест месеци.
Санкции за 9 возачи во Охрид кои ја надминале дозволената брзина
На 29.11.2021 година од 07 до 10 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници санкционирале 15 возачи кои во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-09, Струга-03, Дебар-03).
Карантинот на антиваксерите нема да го стопира ширењето на вирусот
Карантинот на антиваксерите, што се предлага во овој пост на Фејсбук, нема да го реши проблемот, ниту, пак, со применување на ваков тип на мерка целосно ќе се спречи трансмисијата на вирусот. Вирусот ни доаѓа однадвор. Па, дури и да се направи тринеделен карантин за невакцинираните од 1 септември до 21 септември, како што се бара во објавата, на 22 септември може во државата да влезе некој од странство и да зарази невакцинирани лица. Освен невакцнинираните, може да се заразат и оние кои се целосно имунизирани, иако во многу мал процент. Сите вакцини, одобрени од СЗО, штитат од тешки форми на болеста, хоспитализација и смртни последици, но ниту една од вакцините не нуди 100 проценти заштита од разболување.
Поднесена тужба против „Гугл“ поради Андроид
Група од 37 државни обвинители и адвокати од САД поднесоа тужба против Гугл, тврдејќи дека инсталирањето на оперативниот систем Андроид во мобилни апарати ја ограничува конкуренцијата и ги крши законите за еднаква конкуренција.
Повеќе од 100 нови случаи, нов случај и во Охрид
Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.
Стружани донираа за ранливата категорија
Голем број институции но и стружани масовно се одзваа на собирната акција, за хумани цели. Во салата за седници на општина Струга, денес покрај средства, беа собрани, многу храна и облека, кои ќе одат во рацете на семејствата кои се под социјален ризик од оваа општина.