Skip to main content
Јан 27, 2023
Финансиска поддршка
Отворени понудите на тендерот за субвенционирање на нови летови на двата аеродроми во земјава во наредните две години. Тоа се авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан ерлајнс“. Следната недела ќе биде извршена евалуација на понудите по што се очекува да има избрани авиокомпании со кои ќе се склучи договор за субвенции за нови летови. Годинава се предвидени 1,1 милион евра финаниска поддршка за нови авиолинии.

Јан 27, 2023
Прес конференција ОО СДСМ
На удар поскапувањето на цените на услугите од јавните претпријатија во Охрид. Се бараат оправдувања во светската енергетска криза, а се троши на нови вработувања и ангажирање на надоврешни адвокатски куќи, кажа портпаролот на охридските социјалдемократи .

Јан 27, 2023
Свр охрид
На 26-ти јануари 88-годишен охриѓанец се оддалечил од неговиот дом. Од СВР Охрид информираат дека се преземени мерки за пронаоѓање на лицето.

Јан 27, 2023
Општина дебрца
Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца.

Јан 27, 2023
Трговија со дете
Под истрага се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години. Приведените се на возраст од 25 до 32 години.

Јан 27, 2023
Ухмр
83 сантиметри снег на Попова Шапка. Снежна покривка има и во Маврови Анови, каде што се измерени 20 сантиметри снег и температура од -4 степени.

Јан 27, 2023
Свети наум охридски
„На директорот Сашо Недески му посакуваме успешна работа во новиот четиригодишен мандат“, велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Јан 27, 2023
Министер за внатрешни работи
„Дел од хибридната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“.