Skip to main content
Велосипедизам
Апр 17, 2023
Алтернативен туризам
На Јабланица и Караорман ќе се мапираат и обележуваат велосипедските патеки. Овој проект ќе придонесе за поголема безбедност на планинарите и велосипедистите. Велосипедската култура во земјава последните години доживува подем, а интересот за планински велосипедизам енормно расте во светски рамки.

Адвокат
Апр 17, 2023
Адвокатска канцеларија струга
Адвокатска канцеларија од Струга поднесе иницијатива за измена на чл.11 од Законот за плата на избрани и именувани лица, со што основицата за пресметка на платата на фукционерите ќе се утврди како минималната исплатена месечна плата по вработен за претходната година. Оваа измена на законот е оправдана поради економската криза, а воедно на овој начин ќе се изврши усогласување на платите на избраните и именуваните лица согласно стандардот во државата.

Сообраќајна несреќа
Апр 17, 2023
Трагедија
Триесет и едно годишно лице од село Враништа вчера загина на локалниот пат во Центар Жупа, информираат од МВР.

Полиција
Апр 17, 2023
Соопштение мвр
30-годишен жител на Скопје е уапсен поради сомнение дека противправно задржал тинејџерка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.

Облачно време
Апр 17, 2023
Временска прогноза
Во следните три дена минималната температура ќе се движи од три до 9 степени, а максималната од 12 до 21 степен.

Фламинга
Апр 17, 2023
Рај за очи
Големо јато на фламинга вчера беше забележано на крајбрежјето на Охридското езеро. Туристите уживаа во оваа несекојдневна глетка.

Велигденски јајца
Апр 17, 2023
Празник
Православните верници денеска го слават Светол понеделник, вториот ден од големиот христијански празник Велигден.

Игралиште Св. Климент
Апр 16, 2023
Општина охрид
Жителите на Стар град, а пред се учениците од ООУ „Св. Климент Охридски” имаат реконструирано игралиште достојно за сите потреби, вели Пецаков.