Мај 28, 2025
Свечено отворен новиот модерен трговски центар Охрид мол
„Охрид Мол“ не е само збир на продавници и брендови, тој ќе биде нова енергија во пулсот на градот, нова точка за забава, место каде што секој чекор ќе значи можност за работа, купување, за дружење, за инспирација, кажа градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков на свеченото отворање. На површина од над 17.000 м2 со внимателно одбрани содржини новиот трговски центар се очекува да го редефинира концептот за пазарување, но и да има позитивно влијание врз локалната економија.
Мај 28, 2025
Црвен крст Охрид
Доделени наградите за ликовниот и литературниот конкурс “Глас на хуманоста“
Ликовниот и литературниот конкурс на тема: „Глас на хуманоста“ беше објавен на иницијатива на Програмата „Најди Време“ – грижа за стари лица и Клубот на млади при Црвен крст Охрид.
Мај 28, 2025
Во Охрид отворен досега најголем Жито маркет во регионот
Охрид од денеска го има досега најголемиот Жито маркет во регионот. Во склоп на новиот трговски центар Охрид Мол во модерен продажен простор потрошувачите од охридско струшкиот регион имаат на располагање исклучително богат асортиман на производи при што добиваат повеќе вредност за секој потрошен денар, велат од Жито Маркети. Она што го издвојува од останатите и е комплетно ново искуство на пазарење со иновативен пристап и љубезна, брза и ефикасна услуга.
Мај 28, 2025
Црвен крст Охрид
Дечињата од програмата „Полетарче“ во посета на Планинската спасителна служба
Последниот час од едукативниот центар „Пролетарче“ се одржа во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба на Црвен крст Охрид.
Мај 28, 2025
културата расте со децата
Во петок за најмладите театарската работилница „Љупка и Љубица“
Работилницата започнува во 12.00 часот во просториите на ООУ „Братство Единство“.
Мај 28, 2025
ЈП Водовод – Охрид
Дефект на водоводната мрежа во Пештани
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Мај 28, 2025
општина охрид
Денес ќе се одржи 57. седница на Советот на Општина Охрид
Седницата ќе започне во 09:00 часот во зградата на општина Охрид.
Мај 28, 2025
Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Во петок акција за подигање кабаст отпад на улиците „Абас Емин” и „Железничка”
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Мај 28, 2025
православен календар
Преподобен Пахомиј Велики
Православен календар: Спомен на Преподобен Пахомиј Велики.