Skip to main content
Јузмески
Ное 17, 2022
туризам
Голем број охриѓани во слободно време се туристички водичи. И покрај основната професија, повремено водење групи туристи им е дополнителен извор на средства. Таа нелојална конкуренција создава хиперпродукција на водичи. Професионалните туристички водичи сметаат дека треба час поскоро оваа професија да влезе во номенклатурата на дејности и водичите да работат со регистрирање фирма.

Стани згрижувач
Ное 17, 2022
Центар за социјални работи
И покрај социјалните реформи, се уште има многу деца кои чекаат ваков вид на заштита, имаат потреба да бидат сместени во згрижувачки семејства, но нема доволно заинтересирани граѓани. Процедурата да се стане згрижувач не е комплицирана, велат од Центарот за социјални работи.

Охезеро
Ное 17, 2022
Животна средина и екологија
Нема интензитет во нашата акција за справување со причините и причинителите кои го загрозуваат Охридскиот регион, напомена Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура, на меѓународниот форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО. Еколoзите, исто така, сметат дека имаме изготвени стратешки документи, без надлежно тело кое ќе ги спроведе мерките и препораките за заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Дрворед
Ное 17, 2022
Паркови и зеленило
Опфатен е потегот на бул „Туристичка“ од кружната сообраќајница кај гимназијата до СРЦ „Билјанини Извори“.

Новак Ѓоковиќ
Ное 17, 2022
Тенис
Министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Гилес изјави дека го одобрил барањето на Ѓоковиќ за виза, бидејќи веќе нема основа за забрана.

Филм Кајмак
Ное 17, 2022
Центар за култура григор прличев
Најновиот филм „Кајмак“ на македонски режисер Милчо Манчевски вечерва во 20 часот ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Планинска куќа во Брежани
Ное 17, 2022
Јавен повик
Јавен повик за изнајмување и менаџирање со Планинската куќа во Брежани. За подетални информации може да се обратите во Општина Дебрца.

Косовско собрание
Ное 17, 2022
Седница
Новите пратеници ќе ги заменат пратениците од Српската листа кои победија на изборите во февруари 2021 година.