Skip to main content
Патека поплочување
Ное 1, 2022
Стар дел на градот
По завршувањето на активностите охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во Стариот дел градот.

Занаетчии
Ное 1, 2022
Евтината кинеска роба и онлајн продавниците на социјалните мрежи негативно влијаат на бизнисите во занаетчискиот сектор. Од друга страна се чувствува и притисокот од енергетската криза.

Трска Охрид
Ное 1, 2022
12 денови теренско истражување
Во периодот од 10.09 – 19.10.2022 година, се снимаа и постпродукциски се обработуваа 8 кратки видеа. Со снимањето опфатени се сите 8 подрачја со трска од с. Подмоље до Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Во видеата се вметнати и податоци од едукативно- информативен карактер. Изработените видеа како краен продукт се пласирани на YouTube каналот на РЗЦ Охрид.

ОО ЦК
Ное 1, 2022
Црвен крст – Охрид
Во кампањата „Недела во борба против гладот“ се обезбедија храна и средства за хигиена за 250 охридски семејства. Бранот на економската криза зафаќа се поголем број семејства на кои им е неопходна помош од заедницата.

Полиција
Ное 1, 2022
Сторено 21 кривично дело измама
Двајца бугарски државјани извршиле измама на 21 лице од Охрид за над милион денари со пријавување лажни сообраќајни несреќи.

Центар за култура
Ное 1, 2022
Проблем при продажба на карти
Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид со извинување до јавноста за проблемот кој што настана при продажба на билети за преставата „Секс, лаги и љубомора“.

Тепачка
Ное 1, 2022
Нарушен јавниот ред и мир
64-годишен охриѓанец нападнал 38-годишен сограѓанин на ул. „Димитар Влахов“ во Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Кабаст отпад
Ное 1, 2022
Јп охридски комуналец
ЈП „Охридски Kомуналец” во четврток ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во селата Пештани и Трпејца.