Окт 9, 2026
Со свечен настан во Лескоец одбележани 85 години од Денот на народното востание
Со свечен настан во Културниот дом во Лескоец, Општина Охрид го одбележа 85-годишниот јубилеј од Денот на народното востание – 11 Октомври. Под мотото „Од востание до независност – 85 години борба, 35 години независност“, со пригодни обраќања и културно-уметничка програма беше оддадена почит на борците за слобода и нивното историско наследство.
Окт 9, 2026
Охридската гимназија меѓу 10-те најуспешни училишта на обука за вештачка интелигенција
Од гимназијата посочуваат дека овие признанија се потврда за посветеноста на наставниот кадар кон професионалното усовршување и примената на современите технологии во наставата, со цел учениците да стекнат знаења и вештини за креативно, критичко и одговорно користење на вештачката интелигенција.
Окт 9, 2026
Од понеделник започнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид
Од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ ќе биде активиран и на подрачјето на СВР Охрид. По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, камерите ќе овозможат континуирана контрола на сообраќајот, откривање прекршоци и зголемување на безбедноста на патиштата.
Окт 9, 2026
Јанев од Охрид: Нашите граници се национални, но безбедносните предизвици се регионални, потребна е посилна оперативна соработка
Охрид беше домаќин на регионална безбедносна платформа на која полициски директори и претставници на повеќе земји разговараа за заедничко справување со илегалната миграција, организираниот криминал и прекуграничните криминални мрежи. Во фокусот на средбата беше унапредувањето на размената на информации, навременото препознавање на ризиците и координираните оперативни активности.
Окт 9, 2026
Промовирано второто издание на „Ќерката на поетот“ од Тоде Илиевски
Јордан Коцевски, како издавач на второто издание на „Ќерката на поетот“, кажа дека оваа збирка е во духот на поетиката на Тоде, свет во кој фантазијата, хуморот и љубопитноста одат рака под рака.
Окт 9, 2026
Младински Центар Охрид организира Youth Circle за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје
Настанот е отворен за сите заинтересирани, а претходните искуства или познавања од темата не се потребни. Доволни се желба за разговор, слушање и споделување.
Окт 9, 2026
Во Специјалната болница „Св. Еразмо” во Охрид најкратко се чека за операција на колк
Пациентите кои чекаат за операција на колк во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид чекаат од три до шест месеци, а во зависност од изборот на хирургот, периодот може да достигне и до девет месеци. Од болницата велат дека имаат доволно потребни материјали, додека итните интервенции при трауматски повреди се вршат веднаш.
Окт 9, 2026
Булингот меѓу младите сè почесто добива и дигитална димензија
Врсничкото насилство сè почесто добива и дигитална димензија. Последниот случај во Кочани, повторно го отвори прашањето за навремената превенција и реакција. Експертите велат во борбата против булингот мора да бидат вклучени сите – институциите, училиштата и родителите.







