Skip to main content
Апр 29, 2022
Пропагандно величење на Русија
Кај нас се продаваат неколку руски списанија за алтернативна медицина: „Руски травар“, „Руски доктор“ и Руски лек“. Преку нив се испраќаат пораки од типот: „Рускиот совет здравје вреди“, „Русите имаат лек“ и „Вие прашувате, руските лекари ви одговараат“. Во овие списанија народната медицина е „руска народна медицина“, разно – разните народни рецепти , исто така, се „руски рецепти“.

Апр 29, 2022
Правосудство
Охридски пчелар казнет со парична оштета за напад на пчели при транспорт. Незадоволен од правниот систем во државата правдата ќе ја бара во Стразбур. Високата сума на оштета ќе го уништи пчеларството како стопанска гранка, загрижено велат пчеларите.

Апр 29, 2022
Хотам
Само стотина лица од регионот пројавија интерес за повикот на ХОТАМ за екстра заработка, со ангажман во хотелско угостителскиот сектор. Проблемот со недостиг на кадар се продлабочува. Во пресрет на туристичката сезона стотици огласи за готвачи, келнери, шанкери, салатери…..Граѓаните не сакаат да работат во земјава, заминуваат во странство.

Апр 29, 2022
Инфраструктура општини
На својот Фејсбук профил Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски информира дека во тек е п0остапката за изградба на втората обиколница во Вевчани.

Апр 29, 2022
Едукативна кампања
Започна кампањата „Мојот данок, за мојата општина“. До подобри општини со навремено подмирување данок на имот.

Апр 29, 2022
Животна средина
НП „Галичица“ изврши мониторинг на островот Голем Град како потенцијално Натура 2000 подрачје, како дел од обуките за видови и живеалишта.

Апр 29, 2022
Слатино Дебрца
Во Слатино одбележани 21 година од масакрот кај Вејце, Тетово. На подмолен начин беа убиени 8 припадници на вооружените сили на Македонија.

Апр 29, 2022
Повелба за збратимување
Повелба за збратимување ќе потпишат ИПА Охрид и ИПА Нови Сад. Пригодната свеченост ќе се одржи утревечер во хотелот „Нова Ривиера“.