Skip to main content
Црвен крст
Авг 9, 2022
Крводарителска акција
Крводарителската акција продолжува и денес од 9 до 13 часот во ОУ „Св. Климент Охридски“ спортска сала, велат од Црвен крст Охрид.

Тепачка
Авг 9, 2022
Нарушен јавниот ред и мир
Двајца охриѓани на возраст од 64 и 48 години, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид.

Риболов
Авг 9, 2022
Се пустоши рибниот фонд
Рибокрадците неуморни и покрај засилените полициски контроли и натаму го пустошат рибниот фонд. Ендемичните заштитени риби во време на потполна забрана за лов, главни во гастрономската понуда на двата туристички центри.

Агенција за млади и спорт
Авг 9, 2022
Агенција за млади и спорт
Ќе се креира нова стратегија за млади за следење на реалните потреби на младите луѓе во земјава. Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од мисијата на ОБСЕ во Скопје и УНДП најавуваат Национална стратегија за млади која ќе ги следи реалните потреби на младите луѓе и ќе одговори на барањата што тие ги имаат. Првичната верзија на Стратегијата се очекува кон крајот на годината, а во 2023 ќе следува акциски план.

Пловила
Авг 8, 2022
Паркиралиште за пловни објекти
Сеуште ја нема со децении најавуваната марина за пловилата во Охридското езеро. Каналот Билјанини извори претесен за огромниот број пловни објекти. Некогашното зимувалиште на плашицата, каналот Билјанини извори последните години, не само што е загаден од атмосферската канализација дополнително се загадува поради тоа што пловилата токму тука ги полнат резервоарите со бензин.

Јаков Попоски
Авг 8, 2022
Фестивали на отворено
Намерата е збогатување на културната програма во градот. Повисоката цел е да ја врќање на кино културата во Струга. Oдносно враќање на редовната кино програма која за ја нема ни во Охрид, ни во Струга.

Камерен хор
Авг 8, 2022
Свети климент охридски
Камерниот мешан хор „Св. Климент Охридски“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата Света Софија.

Илустрација книги
Авг 8, 2022
Промоција на циклус од осум книги
Промоција на циклусот од осум книги „Димитрије Бужаровски – творештво и време“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“.