Според едни водата во Струга е хлорирана, според други не, и не треба да се пие
Директорот на Центарот за јавно здравје од Охрид, Атанаско Михаилов вели дека последните информации од Струга говорат дека и водата во струшкиот водовод не содржи хлор и не е за пиење. Директорот на РЕ Водовод од Струга, Акиф Ајро пак, дециден, дека водата во струшкиот водовод е хлорирана и може да се пие.
Тешки времиња за еврото
На финансиските пазари веќе се шпекулира околу тоа кога Грција ќе банкротира. Истовремено, лидерите на земјите од ЕУ се` уште се расправаат околу механизмите за помош на Грција. В четврток во Брисел ќе се состанат и шефовите на држави и влади на земјите-членки на Унијата. Германската канцеларка Ангела Меркел и натаму е против давањето финансиска помош за Грците.
Нова вонредна состојба во времетраење од 30 дена
Ова е одлуката донесена на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски. Претседателот на државата ќе донесе нова одлука за вонредна состојба и во наредните 30 дена, врз основа на нов предлог од Владата. Со се прави обид да се надмине празнината во Уставот, кој не предвидува продолжување на вонредна состојба.
Ќотек со каиш = одличен фудбалски менаџер
Легендарниот поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека сите успеси во фудбалот ги должи на неговата омилена учителка која во основно училиште често го тепала со каиш.
Германија профитира од грчката криза?!
Георгиески: Посветени сме на подобрување на условите за младите
Посветени сме на проекти за подобрување на условите за младите охриѓани, напиша кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Константин Георгиески.
Проблем при чистењето на канализациониот систем во центарот на градот се замастените цевководи
Од 18 км секундарна канализација досега се исчистени 5 км. Паралено со тоа тече санацијата на препумпните станици.
Денеска е Светски ден на водите
Двe лица од Охрид и еден стружанец приведени за време на полициски час
Од СВР Охрид информираат дека во изминатово деноноќие, три лица (Охрид-2, Струга-1), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.