Skip to main content
Фестивал на ракија
Мај 25, 2022
Туризам
Директорт на АППТ, д-р Љупчо Јаневски на покана на здружението Ж’та беше дел од фестивалот на ракија во дворот на Винскиот музеј.

Стипендии
Мај 25, 2022
Општина охрид
Деновиве беше извршена исплатата на последните три рати од стипендиите кои се доделуваат за период од 9 месеци.

Убиство Тексас
Мај 25, 2022
Пукање во училиште
Убиени се 19 деца и 2 возрасни во пукање во училиште во Тексас. Напаѓачот бил осумнаесетгодишник вооружен со пиштол и полуавтоматска пушка.

Полицаец уби колега во Тирана
Мај 25, 2022
Вознемирувачко видео
Полицаецот Лудијам Заими си го уби колегата со службен пиштол во полициска станица во Тирана. Телевизијата „Еуроњуз Албанија“ објави снимки од надзорни камери каде што се гледа инцидентот во Албанија.

Полициско возило
Мај 25, 2022
Улица 7 ноември
Возило во сопственост на МВР удрило во малолетен велосипедист од Охрид. Велосипедистот бил пренесен во Општата болница Охрид.

Валерио Орлиќ
Мај 25, 2022
Истакнат хрватски поет
Настанот е дел од големата турнеја по Македонија и Албанија, како и Хрватска, каде Орлиќ ќе биде гостин на „Јадрански книжевни средби”.

Украина војна
Мај 25, 2022
Се убива цивилно население и деца
Наспроти бесмисленото тврдење во постот дека „руската војска ги уништува глобалфашистите и нивните послушници“, во војната во Украина што ја започна Русија на 24 февруари, страдаат војници, но и невино цивилно население, а меѓу нив и голем број деца. Според украинските власти досега (02.03.2022) се убиени повеќе од 2.000 цивили. Убиствата на цивили ги потврдија и Обединетите нации. Високата комисија за човекови права на ОН соопшти дека биле пријавени повеќе од 500 цивилни жртви во Украина, вклучувајќи најмалку 136 убиени цивили и 400 повредени, но дека очекуваат реалната бројка да е многу поголема.

Владимир Путин
Мај 25, 2022
Проверка на факти
Нема официјална потврда, од било која држава, за состојбата на здравјето на Путин. Кремљ не го коментира здравјето на рускиот претседател и не одговори на овие најнови тврдења, кои се појавија по избувнувањето на конфликтот. Во случајов, како извор на информациите се користат разузнавачки извештаи на Пентагон, без никакви конкретни докази.