Skip to main content
Јан 12, 2024
Од чисто партиски мотиви се врши притисок врз квалитетниот медицински кадар, кој се помалку го има во Македонија, реагираат од Левица Охрид во врска со информацијата дека се спрема партиско разрешување на д-р Елена Ковачевска Башуроска, директорка на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан”.

Јан 12, 2024
Државен завод за статистика
Во општините Струга, Дебрца и Вевчани во месец ноември не се издадени одобренија за градење.

Јан 12, 2024
Привршуваат подготовките за големата црковно народна прослава на Богојавление Водици  во Охрид. Денеска се одржа координативен состанок на организациониот одбор на кој присуствуваа претставници на Дебарско-кичевската епархија, општината, јавните претпријатија, СВР Охрид, Капетанија, Брзата помош, Црвен крст и нуркачките клубови.

Јан 12, 2024
УХМР
Наутро и тоа особено за време на овој викенд ќе биде особено студено, па така температурите понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени.

Јан 12, 2024
СВР Охрид
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Јан 12, 2024
Земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Јан 11, 2024
Во време кога технологијата го намалува интересот за читање книги, од охридската библиотека со охрабрувачки податоци. Се зголемува бројот на членови на библиотеката. Вработените во Националната установа библиотека Григор Прличев постојано изнаоѓаат креативни начини како да ја привлечат помладата популација да стане дел од читателското семејство.

Јан 11, 2024
Општина Охрид
Изложбата има за цел да ја запознае јавноста со значењето на културното наследство во Охридскиот регион и да го зголеми степенот на промоција на истото.

Јан 11, 2024
Општина Охрид
Општина Охрид и годинава издвојува средства за стипеднии на уениците и студентите. Објавени се јавните повици, а целта е велат стимулирање и поддршка на младите повеќе да се посветат на образование и едукација. Изминативе две години околу 600 ученици добиле финансиска поддршка од општина Охрид.