Skip to main content
Полиција
Апр 19, 2022
Свр охрид
Кривична пријава против 38-годишен охриѓанец поради „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“.

Бреинобреин
Апр 19, 2022
Центар за развивање на животни вештини
Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид успешно ја завршија нови пет генерации.

Поскапе такси превозот
Апр 19, 2022
Авто такси превоз
Советниците позитивно одговорија на барањето на такси превозниците со оглед на поскапувањето на горивата и економската криза. Но, воедно на денешната седница беше побарано од такси компаниите да ги подобрат услугите и односот кон граѓаните. Градоначалникот, порача дека такси превозот ќе биде под засилен инспекциски надзор и доколку не се придржуваат до прописите казните ќе бидат ригорозни.

Реконструкција на Улицата Македонски Просветители
Апр 18, 2022
Инфраструктурни проекти
Реконструкцијата на Македонски просветители ќе биде завршена во предвидениот рок , 1ви јуни. Локалната е во постојана координација со изведувачот и надзорот, вели градоначалникот Пецаков, со цел работите да се одвиваат според предвидената динамика.

Апр 18, 2022
Екологија
Не е пропуст на колектор за истекот на заматена вода, во населбата Воска, за кој алармираа поединци, тврди директорот на ЈП Колекторски систем. Проблемот е во реката Грашница, а решението е во надлежност на ЈП Нискоградба и Локалната самоуправа.

кампања за органодарителство на здружението Храбро срце
Апр 18, 2022
Храбро срце
Со кампања под мотото „Предизвик“ Националното здружение „Храбро срце“ ќе ја подигнува свеста за органодарителството кај младата популација. Велат свеста за органодарување во земјава се` уште е многу ниска. Потребна е национална кампања со поддршка од државата и институциите, но и измени во законот. 

тест за алкохол на возачи
Апр 18, 2022
СВР Охрид
Полициските службеници санкционираа 12 возачи во Охрид, двајца во Струга поради управување возило под дејство на алкохол. Против нив ќе бидат поднесени соодветни платни налози.

Пецаков средба теквондисти
Апр 16, 2022
Таеквондо итф
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков ги прими охридските таеквондисти Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска кои освоија високи награди на Европското таеквондо ИТФ првенство кое се одржа во месец март во Пореч, Хрватска.