Skip to main content
Еурофарм Пелистер
Мар 31, 2022
Ракомет
Играчите на тренерот Жељко Бабиќ на 5 април од 18:45 часот ќе го играат реванш натпреварот од осминафиналето во Лига Европа против Нексе.

Хари Кејн
Мар 31, 2022
Трансфери
Британските медиуми се убедени дека најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.

Бегалци Украина
Мар 31, 2022
Украина
Хотелиерите во охридско- струшкиот регион нудат 10.000 легла за бегалци од Украина. ХОТАМ до владата достави листа на достапни објекти. Иако поради инфлацијата пораснаа цените и во хотелско-угостителскиот сектор, од ХОТАМ велат цените за украинските бегалци ќе бидат далеку пониски во однос на оние во европските земји.

Фудбалери Македонија
Мар 31, 2022
Фудбалска репрезентација
Триумфот над актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар не искачи на 62-то место на најновата ранг листа на ФИФА.

Мировни преговори во Истанбул
Мар 31, 2022
Мировни преговори
Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина изјави Мевлут Чавушоглу, шефот на турската дипломатија.

Кина Америка
Мар 31, 2022
Реципрочна мерка
Кина објави дека ги ограничува визите за американските службеници како одговор на американските визни ограничувања.

Седиште на Нато
Мар 31, 2022
Извештај на Гугл
Во најновиот извештај на групата „Трет анализис” (Threat Analysis) на Гугл (Google) се наведува дека руските хакери неодамна се обиделе да ја пробијат мрежата на НАТО и на армијата во некои источноевропски земји.

Александар Вучиќ
Мар 31, 2022
Анкети во Србија
Анкетите спроведени на крајот на изборната кампања покажуваат дека Вучиќ, доколку излезат повеќе од половина од вкупно 6,5 милиони регистрирани гласачи, би освоил втор последователен претседателски мандат во првиот круг со околу 60 отсто од гласовите.