Расчистена дива депонија во населба Далјан
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” по добиен налог од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид спроведoa активности за расчистување на уште една дива депонија лоцирана во населба Далјан во непосредна близина на крајбрежниот појас.
Охридските советници дискутираа за Проектите од Нацрт програмите за креирање на буџетот за 2022 година
Се слушнаа прашања кои се однесуваат на проектите предвидени за просторот на поранешната Касарна, начинот на финансирање на тие проекти и нивната одржливост во иднина. Од ТЛЕР одговорија што се планира на просторот на поранешна Касарна и како ќе се финансираат проектите.
Коронавирус има, а микрочипови за следење на вакцинираните нема
Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Исто така, во вакцините нема чипови. Првиот доказ за тоа е дозата на вакцината. Таа е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Што се однесува до вакцинацијата, таа во земјата е доброволна. Никој никого не присилува да се вакцинира. Но, доколку некој не се вакцинира, тогаш тој може да има рестрикции во движењето – ограничувања каде може, а каде не може да влегува, како мерка за заштита на јавното здравје.
Лажни предупредувањата за бомби во хотелите во Солун
Најмалку десет хотели во Солун вчера примија мејл од непознат испраќач со предупредување дека се поставени бомби што предизвика низа превентивни евакуации и проверки од полицијата, кои траеја до доцна синоќа, за на крај да се покаже дека станува збор за лажна пријава, но и за еден од ретките, а веројатно и прв ваков случај на толку масовни закани и тоа во хотели, јави дописничката на МИА од Атина.
Топол бран, препораки за заштита од високите температури
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде в четврток и в петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.
Нова современа фабрика за месни преработки во Струга
Фабриката „Подгорка“ е најголемата ипард инвестиција досега реализирана во земјава тешка 4,5 милиони евра од кои половината се од европските фондови. На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи.
Поради појавата на шумски пожари воведена забрана за движење во шума и шумско земјиште
Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3) од Законот за шумите („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот.
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед како “црна овца”
Го разоткриле домашните медиуми