Окт 7, 2026
По повод Денот на народното востание, 12 октомври е неработен за сите граѓани на Република Македонија
Со оглед дека годинава датумот празникот е во недела, неработен ден ќе биде понеделник, 12 октомври 2026 година.
Окт 7, 2026
Угостителските услуги за една година поскапеле 3,8 отсто
Цените во периодот јануари-септември 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.1 %.
Окт 7, 2026
православен календар
Денес се слави Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Светата првомаченичка Текла рамноапостолна
Окт 6, 2026
Обезбедени 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид, пo 11 години застој
Со обезбедувањето на средствата и создавањето на услови за продолжување на работите, затворениот базен во Охрид по повеќе од една деценија застој влегува во нова фаза со очекување конечно да биде ставен во функција.
Окт 6, 2026
Енергетската транзиција во охридските училишта, над 205 милиони денари инвестиции од 2022 до 2025 година
Енергетската транзиција станува дел од образовната инфраструктура во Охрид, каде со милионски инвестиции се реконструираат училишните објекти, се поставуваат енергетски фасади, нова дограма и системи за греење, а се воведуваат и фотоволтаици со цел поголема енергетска ефикасност, пониски трошоци и подобри услови за учениците и наставниот кадар.
Окт 6, 2026
„И ти имаш право да ги знаеш биолошките родители”, посвоените лица бараат промени во законот
Години трагаат по одговор на едно основно прашање – кој се нивните биолошки родители. Посвоени лица од Македонија бараат да им се отвори патот до сопственото потекло и до документацијата за нивното раѓање и посвојување. Велат дека членот 123-а од Законот за семејството им го одзема тоа право. Поддршка добиваат и од здруженија од Србија и Словенија, каде што, велат, постои истиот проблем.
Окт 6, 2026
Нови информативни табли и подобрено осветлување за посетителите на Вевчански Извори
Десет нови информативни табли се поставени во заштитеното подрачје „Вевчански Извори“, додека паралелно продолжува и реконструкцијата на осветлувањето на пешачките патеки, со што се унапредуваат условите за посетителите и се придонесува кон подобра заштита и промоција на природните вредности на локалитетот.







