Skip to main content
Авг 29, 2021

Видео на Фејсбук шири дезинформациии дека коронавирусот не постои, а вакцините се метод за микрочипирање на населението и негово следење. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Исто така, во вакцините нема чипови. Првиот доказ за тоа е дозата на вакцината. Таа е помала од еден милилитар! Стандардната доза на „Фајзер“ содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто. Што се однесува до вакцинацијата, таа во земјата е доброволна. Никој  никого не присилува да се вакцинира. Но, доколку некој не се вакцинира, тогаш тој може да има рестрикции во движењето – ограничувања каде може, а каде не може да влегува, како мерка за заштита на јавното здравје.


Авг 24, 2021

Најмалку десет хотели во Солун вчера примија мејл од непознат испраќач со предупредување дека се поставени бомби што предизвика низа превентивни евакуации и проверки од полицијата, кои траеја до доцна синоќа, за на крај да се покаже дека станува збор за лажна пријава, но и за еден од ретките, а веројатно и прв ваков случај на толку масовни закани и тоа во хотели, јави дописничката на МИА од Атина.


Јун 23, 2021

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови во повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде в четврток и в петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово, а во некои делови и црвено ниво на опасност од високи температури.


Дек 13, 2019

Фабриката „Подгорка“ е најголемата ипард инвестиција досега реализирана  во земјава тешка 4,5 милиони евра од кои половината  се од европските фондови. На денешното отворање присуствуваше и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека „Подгорка“ е вреден пример што треба да се следи.


Апр 1, 2019

Поради појавата на шумски пожари а врз основа на член 57 став (3)  од Законот за шумите  („Сл.весник на РМ“ бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15 ,44/15, 147/15, 7/16, и 39/16) се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот.


Окт 16, 2015

Го разоткриле домашните медиуми


Јан 28, 2022

Силен притисок врз Охридската Општа болница во омикрон бранот на ковид пандемијата. Болничките кревети и амбуланти се полнат, а бројот на новозаразени во Охрид не опаѓа.


Јан 3, 2022

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот.