Не е точно дека невакцинираните не се опасни за ширењето на делта варијантата
Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека невакцинираните не се опасни во контекст на тоа дека не го шират вирусот (новите варијанти на вирусот, а од нив најдоминантна на светско ниво е делта варијантата). Во постот се додава дека невакцинираните не го шират вирусот, па затоа се предлага тие (вакцинираните) да се изолираат од општеството. Нелогичното тврдење му е атрибуирано на професор по инфективни болести од Франција, Кристијан Пероне.
Пристигнува ново продолжение на „Сам дома“
Околу 31 година откако Кевин Мекалистер првпат остана сам дома во оригиналниот филм „Сам дома“, платформата „Дизни плус“ ќе прикажува нова верзија на филмот. Платформата премиерно ќе ја прикаже новата верзија од филмот на 12 ноември.
Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот
Срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично реши да ги донира органите, од утрово почна да чука во градите на пациент кој со години боледува од тешка кардиоваскуларна болест.
Започна реконструкцијата на затворениот пливачки базен во Струга
Проектот е на Агенцијата за спорт и млади а чини 30 мил денари. Директорот на агенцијата кој денеска во Струга присуствуваше на отпочнувањето на градежните зафати кажа дека очекува базенот да биде ставен во функција на крајот на наредната година.
Ќе стапат ли во генерален штрајк македонските пазарџии?
Тезгаџиите ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за укинување на Законот за пазари. Тие се закануваат со генерален штрајк, ако целосно не се укине Законот за трговија на зелените пазари.
Претседателот на Реал Мадрид направи инцидент на највисоко ниво
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид повторно во војна
Известување за данок на имот
Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот.
Стружанецот Никола Петрески дели топли оброци за социјалните случаи
Хуман потег за поздравување. Стружанец самоиницијативно ги храни социјално ранливите категории граѓани. Куварот Никола Петрески во понеделник, среда и петок бесплатно дели по 27 топли оброци на сиромашните. Тој ги повикува сите општествено одговорни компании да ја поддржат оваа идеја и да донираат храна.